
Германија ги предупреди своите граѓани да избегнуваат туристички локации во Истанбул по експлозијата во која утрово загинаа најмалку 10 луѓе и 15 се повредени.
Германското Министерство за надворешни работи на својата интернет-страница предупредува дека се очекуваат насилни судири и терористички напади ширум Турција.
Министесртвото исто така предупредува патници да се воздржат од учество во демонстрации и собири посебно во големите градови.
Во момент на екслозијата група германски туристи се наоѓале во таа зона, но засега не се знае дали некој е повреден.
Турскиот премир Ахмет Давутоглу денеска свика итен безбедносен состанок со клучните министерства и официјлани лица по експлозијата за која се сомневаат дека е терористички напад.