ФОТО: Опозициските медиуми со евтини спинови поради нервозата и паниката во СДСМ

Нервозата и паниката во СДСМ и опозициските медиуми се повеќе расте како што се приближуваат изборите закажани за 24. април.

Имено, медиумите кои важат за блиски на СДСМ став на Сашо Орданоски пренесоа како став на австрискиот весник „Дер Стандард“.

der

Исфрустрирани од очајниот рејтинг меѓу граѓаните кој го покажаа последните релевантни анкети, СДСМ и нејзините медиуми и експоненти се впуштија во тешки лаги и измислици.

Во текот на вчерашниот ден голем дел од медиумите контролирани од СДСМ пренесоа текст од австриски весник во кој нагласуваат “пишува австриски Дер Стандард“, текст во кој се коментира средбата на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден.

plus

Истиот текст со бомбастични наслови од типот „Дер Стандард: Груевски во Вашингтон си ја “спасуваше кожата“ веднаш е пренесен на соросовите портали, но притоа во евтиниот спин опозициските медиуми не го преведуваат последниот пасус од текстот, каде се вели дека целата информација е на еден од главните експоненти на СДСМ, Сашо Орданоски.

saso

Ова значи дека пишувањата на австрискиот весник не е став на редакцијата на „Дер Стандард“, туку став на соросовиот експонент Сашо Орданоски пренесен во весникот, но тоа не ги спречува  повторно да манипулираат со јавноста.