Кога ќе почувствуваме неискреност, веднаш тргнуваме во спротивна насока. Кај нас се јавува чувство на гадење и презир.
Кога правиме нешто што не сакаме или од просто чувство на обврска, праќаме потсвесни сигнали на нашата неискреност, а тоа го одбива партнерот. А тоа дефинитивно не е посакуваниот ефект кога сакаме тој да доживее оргазам.
Желба да бидеме несебични
Нештата се менуваат кога даваме затоа што тоа навистина го сакаме. Кога не постои чувство на обврска или притисок, можеме да уживаме во она што го даваме, поради самото давање и желбата да ја направиме другата личност среќна.
Кога даваме затоа што сакаме да даваме, тоа го правиме затоа што уживаме во тоа. Кога на другите им пружаме задоволство, тоа кај нас создава чувство на задоволство. Ова е клучот за неверојатен орален секс.