
Криминалец баран со потерница од страна на полицијата во Охајо не бил задоволен од својата слика на потерницата, па решил да направи „селфи“ и да и испрати на полицијата нова, поубава фотографија.
На новата фотографија, Доналд „Чип“ Паг е со очила за сонце, во костим и седи во својот автомобил.
– Еве подобра фотографија, онаа која ја објавивте е навистина ужасна, напишал 45-годишникот.
Во полициската станица му се заблагодариле за помошта околу фотографијата, но го замолиле „веќе кога е толку внимателен“, да се јави во полициска станица како би поразговарале за обвиненијата против него.