
Денес Македонија им докажува на сите дека верува во себе и знае што прави, и се бори за себе и својата подобра иднина и нема да дозволи никој да си игра со тоа, порача премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста по повод временото повлекување.
Јас верувам во вас и верувам во Македонија! Знам дека и вие верувате!
Одиме напред! Заедно, рамо до рамо, секој ден до денот на изборите кога повторно ќе застанеме цврсто и со гордо крената глава ќе кажеме – успеавме – Македонија успеа и ние сме дел од таа голема победа, порача тој.