
Денес околу 02.15 часот ЕИК-Скопје од страна на БППЗ биле известени дека влезната врата на црквата „Св.Злата Мегленска“ во село Сарај, скопско, била опожарена, при што истата била оштетена.
Пожарот е локализиран, а од преземени мерки утврдено е дека истиот е предизвикан со употреба на запалива течност од страна на непознат сторител.