
На патниот правец Велес – Гевгелија (кај клучка Смоквица) утре ќе има геодетско снимање од страна на ГЕИНГ во период од 08.00-14.00 часот,за што ке биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Ве известуваме дека согласно на Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год. ,11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково- Штип, од km. 217+818 до km. 219+918, дека од 15.01.2016 година од 08.00-16.00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО ќе врши геодетски мерења согласно добиените дозволи.
Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до село Три Чешми.
Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот се одвива без забрани и застои
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно без забрани и застои по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.