
Жена од охридско се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 13.40 часот на патот Струга – Дебар.
Во сообраќајната несреќа се судриле автомобили „Фолксваген Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од село Корошишта, струшко, и „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (43) од село Октиси.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во „Голфот“ Р.М. (1953) од село Октиси, која е пренесена во болницата Св.Еразмо-Охрид.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Струга.