
Се очекува врнежите во сабота наутро да бидат од дожд низ пониските места, а од снег на планините, пишува порталот за временска прогноза Метеопро.мк.
Но веќе од доцна попладне во северните делови од земјата врнежите ќе преминат во снежни, а попладне тоа ќе се случи низ целата земја. Снегот ќе биде локално поинтензивен попладне, затоа внимавајте доколку планирате патување.
Снежната покривка на планините во северниот и јужниот регион би требало да се зголеми за околу 60 сантиметри со нов снег, но заради ветерот очекувани се и поголеми снежни наноси, особено околу Кожуф.
На пониските места се очекува покривка околу 15 – 20 сантиметри.
В недела се уште ќе биде облачно, претпладне со слаб до умерен снег, додека попладне врнежите ќе бидат значително ослабени, а делумно и престанати.
Сабота ќе биде потопла наутро. Температурата ќе биде во постојан тренд на опаѓање. Максималната вредност во северните предели ќе биде околу 4°С, а во јужните околу 6°С
Недела постудена. Дневниот максимум нема да надмине 0°С во северните и западните делови, а само малку над 0°С, околу 1°С, се очекува на југоисток.