
Жоао Коељо де Соуза е најстариот човек, кој живеел на планетата.
Во листот на родени пишува дека Коељо де Соуза е роден точно на 10 март во 1884 година, што значи дека Де Соуза со 131 година е најстариот човек што некогаш живеел на светот.
Според Гинисовата книга на рекорди, официјално највозрасен жив човек на светот е 112 годинишната Јасутаро Коиде од Јапонија, а најстариот човек на кој живеел на Планетата била Жан Клемент која починала на 122 годишна возраст во 1997 година.
Ако се потврди дека личните документи на Де Соуза се автентични , тој и официјално ќе стане најстариот човек на светот.