
Австрија потврди дека во тек се преговори со Германија и Словенија за ограничување на влезот на мигранти во земјата, пренесува „Танјуг“.
Агенцијата СТА наведува дека планот предвидува тие држави заедно да го надгледуваат мигрантскиот тек на границата помеѓу Словенија и Хрватска.
Поконкретните преговори за заедничката соработка на германската, австриската и словенечката полиција за зајакнување на контролата на мигрантскиот бран беа водени во Шентиља на ниво на директори на словенечката и австриската полиција, но сеуште нема политички одлуки од страна на трите влади, вели за СТА Карл – Хајнц Грундбек од службата за односи со јавност на австриското министерство за внатрешни работи.

Тој додаде дека затоа неможе да се говори за детали ниту пак за тоа колку полицајци ќе ја чуваат словенечката шенгенска граница и ќе го контролираат влезот на мигранти.
Австриската полиција очекува дека новите мерки за намалување на приливот на мигрантите би можеле да почнат кон крајот на овој месец, а ги негираше најавите дека истовремено ќе ги зајакне сигурносните мерки на границата со Словенија со цел да се спречи илегалниот влез на мигранти.
Словенечкиот премиер…