
Кодексот на однесување за време на изборите е пракса која се применува во сите земји од ЕУ, а овие фундаментални насоки се искористени во подготовката на Македонскиот кодекс. МАН очекува овој Кодекс на изборно однесување да ја добие поддршката од сите учесници во изборниот процес, сите медиуми и странските дипломатски преставништва во Република Македонија, како и останатите новинарски, синдикални новинарски здруженија и Советот за етика, се наведува во соопштението од МАН.