
Рускиот министер за енергетика, Александар Новак изјави дека Русија е заинтересирана за проектот „ Турски поток “ и дека е подготвена да го изгради овој гасовод доколку за тоа постои интерес од страна на Турција и ЕУ.
Тој воедно нагласи дека можноста за изградба на гасоводот веќе ја разгледува Европската комисија, како министри за енергетика на земјите-членки на ЕУ.
– Русија е подготвена да го реализира овој прокет, но само под улов ако за него биде искажан конечен интерес од нашите европски и турски партнери, порача Новак.
Турција досега официјално не донесе одлука за повлекување од проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“, но неговата реализација е стопирана во рамки на одлуката на Русија за воведување „специјални економски мерки“ кон Анкара поради соборувањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство над границата со Сирија.