
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани по влажни коловози.
Автомото сојузот на Македонија информира дека на Стража, Маврово, Павлешенци, Пресека, Ѓавато, Буково и Крушево провејува слаб снег.
На патниот правец Велес – Гевгелија кај клучката Смоквица денеска од 8 до 14 часот има геодетско снимање од страна на ГЕИНГ за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.