
Силна експлозија се слушнала вечерва пред хотелот Сплендид во Оуагадоугоу, главниот град на афричката држава Буркина Фасо.
Според светските медиуми во тек е заложничка драма.
Едно возило гори пред хотелот во кој вечерва се наоѓаат вработени во Обединетите нации и странци, главно од Запад. Хотелот се наоѓа на главната улица во центарот на градот.
Тројца маскирани мажи пукале во кафе ресторанот „Капучино“, кој исто така го посетуваат главно странци.
Засега е непознато колку лица се загинати, ниту кои се напаѓачите.