За една недела пет странски компании ги промовираа своите инвестиции

Договорот за рестартирање на порцеланка се потпиша во Велес. Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се 100 нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план. На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека групацијата БРГ е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик. Во „Порцеланка“ ќе се изработуваат производи од челик и кујнски прибор од нерѓосувачки челик. Компанијата има шест фабрики со 13 илјади вработени и претставништва во повеќе светски метрополи. Годишниот обврт на компанијата изнесува 500 милиони евра.

Новата фабрика ќе биде лоцирана во објектите на поранешна Порцеланка. Ова инвестиција е резултат на нашите заложби да вратиме во живот колку што можеме повеќе од фабриките кои згаснаа во времето на транзицијата. Тоа е исклучителен важен период од нашата историја која остави без работа илјадници граѓани ширум нашата држава и стави клуч на многу фабрики низ Македонија. Велес беше особено погоден во времето кога се затвораа фабриките, а една од нив беше и поранешната Порцеланка, истакна Груевски.

Велешка „Порцеланка“ ќе се врати во живот со 1.000 нови вработувања
Велешка „Порцеланка“ ќе се врати во живот со 1.000 нови вработувања

Нашето ветување беше дека ќе донесеме инвестиции во Велес кои ќе значат нови работни места и кои ќе го подобрат животот. Токму тоа се случува. По „Маккарт“ и индиската компанија БРГ ќе се зголемуваат инвестициите во Велес“ истакна Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Нашата фабрика во Велес којашто се наоѓа во просториите на поранешна Порцеланка ќе го фокусира своето производство главно на производи од челик коишто ќе се продаваат на пазарите во Европа, Северна Африка и на Блискиот Исток. Ќе вложиме напори да постигнеме успех во нашата фабрика во Велес со што ќе го направиме повторно центар на квалитетни производи, рече Бандари.

Германската GES во ТИРЗ ќе произведува соларни панели и ќе има 200 нови работни места

Двесте нови…