За една недела пет странски компании ги промовираа своите инвестиции

Двесте нови работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES). Компанијата ќе инвестира 15 милиони евра во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик. Ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. Планирано е изградбата на фабриката да започне кон крајот на февруари или најдоцна на почетокот на март и да биде готова за шест до осум месеци, а производството треба да започне при крајот на годинава. Договорот го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски и Ахмед Алшаер од германската компанија во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски. Според министерот Павлевски, новата инвестиција е значајна бидејќи со неа ќе се намали невработеноста, ќе се зголеми извозот, а ќе се воведе и врвна германска технологија во производството на лед сијалици.

Примарен пазар на компанијата ќе биде Блискиот Исток, а по една година и Европа и ќе најде примена во повеќе индустрии кои може да имаат придобивки од економично и еколошко осветлување. Со цел да се биде поблиску до овие пазари компанијата разгледуваше повеќе земји во регионот, но се одлучи производствената технологија од југоисточна Кина да ја префрли во Македонија пред се поради поволните бизнис услови, квалитетна работна сила и одличната инфраструктура, изјави Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции.

Го имаме и еден од најдобрите центри за истражување и развој којшто сакаме да го пренесеме и во Македонија и да ја направиме центар во поглед на одржливата енергија, рече Ахмед Алшаер, изразувајќи балгодарност до Владата и до целиот тим којшто бил вклучен во преговорите.

„Акомпласт“ во Прилеп ќе произведува делови за „БМВ“, „Мерцедес“, „Бентли“, „Јагуар“, ќе има 150 нови вработувања

Во Технолошко-индустриската…