
По повод актуелните случувања на политичката сцена во Македонија со свој став се огласи и новинарот Васко Ефтов.
Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави кус коментар кој се однесува на барањето на лидерот на СДСМ и на лидерот на партијата Зоран Заев за одложување на изборите што согласно договорот од Пжино треба да се одржат на 24-ти април годинава.
Со бомби бараа избори, сега од изборите бегаат како од ( атомски ) бомби!!!
Ова е кусиот коментар на Ефтов по однос на последните случувања на македонската политичка сцена и пролонгирањето на политичката криза во земјава, предизвикано од СДСМ.