ВИДЕО: Капсула за безбедна евакуација при авионски несреќи

Инженер измисли авионска капсула што би можела да се одвои од остатокот на авионот во случај на несреќа, со што потенцијално би можеле да бидат спасени илјаднци животи.

Тататренки Владимир Николаевич, кој работел на овој дизајн цели три години, направил прототип што се состојат од капсула што може да се откачи во било кој дел од летот, од полетувањето до слетувањето.

kapsula-2

Како што се гледа од видеото станува збор за капсула, односно кабина во која како и досега се сместуваат патниците, со тоа што во случај на несреќа кабината би можела да се одвои од останатиот дел од авионот и со падобрани безбедно да се спушти на земјата.Во случај да треба да се спушти на вода, капсулата ќе има душеци кои автоматски се активираат со цел капсулата да не потоне.