ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори, велат од владејачката партија.
Соопштението Ви го пренесуваме во целост интегрално
ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила.
ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори.
ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера.