
Да покажеме дека Македонија, не само географски, туку и цивилизациски и култоролошки припаѓа и и’ е потребна на Европа, порача вечерва од говорницата во Собранието, привремениот премиер за организирање на изборите, Емил Димитриев.
-Тоа ќе зависи од сите нас, од пратениците, членовите на владата, политичките партии, граѓанското општество, медиумите, сите општествени чинители, и пред се ќе зависи од нашата посветеност, чувство за историскиот миг и одлуките кои се потребни да се донесат од нашиот одговорен пристап и од нашите заложби секогаш и секаде, без исклучок да дејствуваме во најдобар интерес на нашите граѓани, рече Димитриев.
Јас верувам дека ние тоа го можеме, додаде Димитриев, верувам дека ние знаеме и како, и зошто дејствуваме, а одговорот е еден, заради Македонија, бидејќи Македонија е нашата татковина, и сега ние треба да возвратиме на најдобар можен начин.