
Тогаш ќе може и да погледнеме наназад и да кажеме: на 24-ти април народот го даде мандатот со кој нашата држава тргна одлучно по патот на нов просперитет, нови работни места, повисоките плати, меѓународен углед и политичка стабилност. Од денес се јавува една нова светлина. Денес работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава, истакна Груевски.