Милошоски: Изнудените избори се договорени на 24-ти Април – за друг датум нема да гласам!

По повод барањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, за одложување на предвремените парламентарни избори во Македонија, што согласно Договорот од Пржино беа договорени за 24-ти април се огласи и пратеникот и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Милошоски на својот Фејсбук профил напиша:

Година и кусур Зоран Заев ја држи цела Македонија во тензија, не ја признава изборната народна волја и бара предвремени избори.

За да се надмине кризата за доброто на државата, му се попушти и заеднички беа договорени избори на 24.Април 2016-та.

Повеќе нема – изнудените изборите се договорени на 24-ти Април – за друг датум, одлагање и со тоа продолжување на кризата во земјава, јас како пратеник во Собранието, нема да гласам!

miloshoski-komentar-fb-1