
Ако сексот ви станал монотон, се ви се чини исто, па страста и кај двајцата спласнала, немојте да се грижите. По одредено време тоа е сосема нормално, а со ови ечетири трика, мошне брзо повторно ќе го разгорите стариот пламен!
Еротски филмови
Легнете заедно во кревет со вашиот партнер и заедно уживајте во некој еротски филм. Не романтична комедија, не порнографија, туку баш некој еротски филм. Ако немате идеја што да погледнете, ѕирнете во француската кинематографија и и инспирирајте се со жешките игри и сензуални допири.
Сензуална масажа
Замолете го вашиот партнер за сензуална масажа со ароматично масло, по целотот тело. Ви препорачуваме маслото да го ставите во ладилник, за чувството при нанесувањето да биде уште поинтензивно и за да го осигурате треперењето на целото тело.