Стриптиз
Заведете го со стриптиз. Изберете совршена песна, секси високи потпетици и облека со повеќе копчиња и патенти, за да можете да се соблекувате полека и бавно. Бидете максимално блиску до него, допирајте го лесно со телото, но забранете му да ве допира. Се до оној миг кога ќе одлучите да се смилувате и да му дозволите да се фрли врз вас.
Превез и потрага
Ставете му превез на очите и дадете му секси задача да ги најде сите скриени места и ерогени зони на кои претходно сте нанеле мед, стопено чоколадо, шлаг или тоа што го сака тој. Во потрагата се допуштени само бакнежи, грицкања и лижење… А сексот… Тој ќе следи откако и последниот грам шеќер ќе исчезне од вас.