
Традиционално, секоја година жителите на Елшани во раните утрински часови го започнуваат чествувањето за големиот верски празник Богојавление – Водици, објави „Охрид 24“.
Во 5 часот започна утринска богослужба, на која присуствуваа повеќе стотини елшанци. Се осветуваше леб и вода, а потоа на сред село кај Клајнецот, во изворските води се изврши чинот на фрлање на светиот крст.
Оваа година среќниот фаќач беше Димитрија Тасески кому ова му е првпат да стигне прв до крстот.
Како спомен на настанот, среќниот фаќач доби златно ланче со златен крст од црквата Свети Пророк Илија, како и таблет од месната заедница.
Народниот елшански собир продолжи со оро на сред село каде старите и нови кумови служеа топла ракија и бонбони. Денешните празнувања продолжуваат и со богати светијонски трпези кај старите кумови, како и со песна и игра.