
Граѓаните на Република Македонија се согласуваат со одлуката на владејачката коалиција дека изборите треба да се одржат на 24-ти април и со тоа да се испочитува договорот од Пржино, пишува порталот „Курир“.
Порталот пренесува дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи и нагласува дека она што за граѓаните е најважно е тоа дека по предвремените избори очекуваат Македонија да излезе од кризата во која беше втурната. Тие коментираат дека СДСМ треба да се одважи и да излезе на избори, затоа што токму таа партија истите ги бараше.
Токму во опозицијата, граѓаните го наоѓаат виновникот за ваквата политичка состојба. Тие му порачуваат на Заев и на неговата партија да излезе на избори и да се соочи со реалноста. Но, исто така му испраќаат и порака дека на власт не може да дојде без избори.
На корисниците на социјалните мрежи им олесна одлуката изборите да не се одложуваат затоа што велат дека Македонија мора да оди напред.
Граѓаните велат дека СДСМ е партија во минато време и дека немаат доверба во неа. Исто така на социјалните мрежи граѓаните коментираат дека СДСМ треба да се распадне како партија затоа што со сегашниот состав е полна со криминалци.
Во однос на обвинувањата од страна на СДСМ за прочистување на избирачкиот список, граѓаните велат дека челници на ДИК и МВР се луѓе од СДСМ и дека ако партијата не прави опструкции, таа работа може да биде завршена.
На граѓаните…