
По натпреварот, капитенот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров истакна дека знаеле дека ги чека одлучувачки и тежок натпревар.
-Србите беа подготвени, ние одигравме паметно, игравме офанзивно. Ова беше тежок натпревар, влогот беше голем и среќата не посака. Одиме напред, можеме и мораме уште подобро, вели Лазаров.
Капитенот додава дека и пред почетокот на ова првенство првата цел на македонската репрезентација беше да се помине во следната фаза, што е и исполнето. За тоа што понатаму, Лазаров вели:
-Можеме да играме и мислам дека ќе играме се подобро и подобро. Имаме голем фонт на играчи кои можеби денес поради тежината на натпреварот не добија шанса, но ќе играме подобро, додава Лазаров.