
Заради новонастанатата политичка ситуација во Македонија, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го прекина престојот во Прага.
Откажано е и најавеното учество на конференцијата на Вишеградската група, соопшти денес МВР.
На конференцијата зедоа учество амбасадорот на РМ во Чешка, Паскал Стојчевски и претставник од министерството за внатрешни работи на Р. Македонија.