Прилепчанец „олеснет“ за 31.000 евра

Од куќа на прилепчанец, вчера се украдени околу 31.000 евра, 43.000 денари, 17 франги и разновиден златен накит. Кражбата се случила во периодот од 13 до 14 часот во Прилеп на улица Киро Крстески Платник во куќа сопственост на К.И. (36).

Полицијата извршила увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.