Путин најверојатно го одобрил убиството на Литвиненко

Убиството на поранешниот шпион Александар Литвиненко најверојатно го одобрил рускиот претседател Владимир Путин, покажува британската истрага која почна во јануари 2015 година.

Претседателот на извршниот совет сер Роберт Овен истакна дека најверојатно Путин ја потпишал наредбата за неговото убиство поради долгогодишна освета, јави Би-Би-Си, пренесува МИА.

Литвиненко почина на 43 години во Лондон 2006 година, неколку денови откако беше отруен со радиоактивен полониум, за кој се верува дека беше подметнат во неговиот чај.

И руските медиуми пренесоа дека британската истрага покажала дека за убиството на Литвинеко се одговорни највисоки руски официјални лица, но не го спомнуваат името на Путин.