Морничава секта: Сите носат сини униформи и не смеат да имаат пари

Морничава секта: Сите носат сини униформи и не смеат да имаат пари
Морничава секта: Сите носат сини униформи и не смеат да имаат пари

На Нов Зеланд не сопираат контроверзиите околу сектата Глориавале, од која се’ почесто бегаат нејзините членови. Глоривале всушност е религиски култ кој последниве години се споменува поради начинот на живот, а делува само во Нов Зеланд.

Полицијата се одлучила да делува кажувањата на членовте кои ја напуштиле таа заедница. Многумина оваа заедница ја нарекуваат и „Мала Северна Кореја“, во која сите носат сини униформи, контрацепцијата е забранета, целосно се затворени за надворешниот свет, а неодамна се појавиле и обвинувања за сексуални злоупотреби во кои биле вклучени и малолетни девојчиња.2

Во оваа бизарна секта, на тинејџерите им е забрането да зборуваат се додека не се венчаат, но за тоа за кој ќе се венчаат не одлучуваат тие, туку собрание од 12 старци.

Елија Оверкомер со сопругата и двете деца се едни од оние кои го напуштиле култот пред две години. Во разговор со една телевизија на Нов Зеланд, раскажал како  изгледал неговиот живот во таа заедница. Неговиот татко таму отишол многу одамна, така што Елија е роден и израснат во култот, кој го напушта когга има 26 години.

Во Глоривале живеат нешто повеќе од 500 луѓе. Се сеќавам дека некогаш бевме 250, но откако во заедницата се забрани контрацепцијата, така растеше и бројот на членови. Оваа заедница постои уште од 1969 година. Таму има луѓе кои не знаат за ништо друго освен за Глоривале, раскажува  Елија.

Кога имал 19 години, почнал да работи на фарма, внатре во заедницата, а кога имал 22 години му било дозволено да работи на една фарма надвор од заедницата.

Членовите кои работеле на други фарми, се’ што заработувале морале да го даваат во „касата“ на Глоривале.

3

Луѓето ги ценеа работниците од заедницата, бидејќи бевме научени на строга работна дисциплина. Сакав да работам надвор од заедницата и мразев што морав да се враќам дома. По вечерата моравме да седиме и да слушаме некој кој кажува, на пример, кој ќе оди утре во град, што треба да се купи и такви глупсти. Сите мораа да молчат, дури и децата. Беше бескрајно досадно, вели Елија.

Според некои податоци, Глривале поседува недвижнини и фирми во вредност од 36,6 милиони долари. Членовите кои ќе одлучат да заминат, со себе не смеат да понесат ништо.4

Култот го напуштила дури и ќерката на основачот, Невил Купер, кој во деведесетите бил обвинет за сексуално злоставување и поминал 11 месеци во затвор.

Неговата ќерка, Миракл Купер, избегала со сопругот и со своите десет деца пред пет години. Кога ја напуштила заедницата имаа 45 одини и почнала нов живот.

Најтешко ми беше да се интегрирам во општеството. Не знаев ништо за работите кои луѓето ги учат као деца. Не знаев како да изнајмам куќа, да барам работа… Немав никакви документи со кои би докажала која сум, раскажува Миракл.