
Грција досега потрошила 300 милиони евра или околу 0, 17 отсто од БДП, според Меѓународниот Монетарен Фонд, пренесува Грик Рипортер.
Според извештајот најголеми фискални трошоци од бегалската криза во 2015-тата имале Шведска (0, 5% од БДП) и Данска (0, 47 % од БДП).
Поголеми од трошоците на Грција се трошоците на Германија и Италија (20% од БДП) и Холандија (0, 18 % од БДП).
Во споредба, Шпанија има мошне ниски трошоци, кои изнесуваат само 0, 006 % од БДП.
Во извештајот нема проценки за 2016-та година, но се нагласува дека трошоците за барателите на азил мже да бидат од огромна важност за некои европски земји.