Чевлите треба да се во согласност со пантолоните
Можете да имате фантастични фармерки и најубави чевли, но ако погрешно ги носите ќе изгледате катастрофално. Фармерките ќе изгледаат одлично ако ги комбинирате со чевли на платформа, широките панталони со чевли до глужд, а машкиот џинс совршено ќе одговара со ниски чевли.
Не се сите должини за секоја височина и градба
Тоа што вашата висока и витка пријателка изгледа фамозно во миди здолниште (што го носи на балетанки) не значи дека и вие ќе изгледате добро. Всушност, ако сте ниски и крупни треба да заборавите на споменатата комбинација затоа што нозете ќе ви изгледаат подебело и пократко.
Ако сте ниски и ситни, миди здолништето можете да го комбинирате само со чевли со висока потпетица за визуелно да ги издолжите нозете. Истото правило важи и за сите миди должини што би можеле да ве скратат.