
Познатата актерка Џенифер Анистон, најпозната по улогата на Рејчел во ТВ серијата „Пријатели“, изјави во интервју за Пипл, дека не планира да се откаже од дводелниот костим за капење.
– Можам да бидам првата 80-годишна жена во бикини, го прифаќам предизвикот, изјави Џенифер Анистон (46) и додаде дека не се согласува дека „треба да се облекува во согласност со своите години.
– Зошто да не? Не треба од ништо да се откажеме само поради годините, додаде актерката на која 40-тите години и се најдобри години во животот.
Џенифер и понатаму добива главни улоги во филмови, минатата година се омажи за долгогодишното момче Џастин Теро (44) и понатаму е една од најомилените холивудски ѕвезди.
– Брачниот живот е неверојатен. Јас навистина уживам, призна познатата актерка која неодамна го поддржа нејзиниот сопруг на доделувањето на Critics’Choice Awards.