Нов тренд на фарбање на косата: Зимски прамени што го освоија светот

Обоените прамени се инстант освежување на секоја фризура, па ви предлагаме да пробате.

Иако во текот на зимата за совршена фризура потребно е да вложите малку повеќе труд, инстант решението се крие во вашата боја на коса, поточно во неколку прамени што може веднаш да го освежат вашиот изглед и вашето лице.

Во зимските месеци косата е сува, а големиот број модни додатоци што не штитат од зимата, како што се шапките и шаловите воопшто не и помагаат на нашата фризура. Но благодарение на зимските прамени косата може да изгледа свежа и блескава и тоа само со неколку потези.

Обоените прамени се инстант освежување на секоја фризура. Освен што ќе ја освежат вашата природна боја на коса, нивната улога е да и дадат на косата визуелен волумен и свежина.

Што се тоа зимски прамени?

За разлика од прошараните, т.н. исоончани прамени распределени по целата коса кои се идеални за летните месеци, зимската варијанта на бојадисување на косата е многу поедноставна.

Зимските прамени се само малку посветли од остатокот на косата, а се наоѓаат на „првите“ прамени на косата што се веднаш до лицето и се распоредени во полудолгите и долгите кркми. Овој детал е мошне декадентен и се прави мошне едноставно, а не е е потребно да ја бојадисувате целата коса.