
Авионот на скандинавската компанија САС со 72 патници, кој летал на линијата Лондон – Стокхолм е пренасочен денес во Гетеборг по закана за бомба, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Стефан Густафсон изјави за агенцијата АФП дека во тек е евакуација на сите патници и членови на екипажот.
Авионот слетал на аеродромот Ландветер, на западниот брег на Шведска, а експертите за експлозивни направи биле повикани да го погледнат леталото.
Густафсон додал дека заканата била упатена до контролата за летање додека авионот се наоѓал во воздух.