
Пожар настанал вчера во куќа во сопственост на А.Р. и во куќа во сопственост на Р.С. на улицата „Брсјачка буна“ во Скопје.
Во пожарот се повредени лицата Ш.Е., Р.С. и Р.А., кои се пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Скопје.