
Осум лица од Прилеп, од кои еден пожарникар се здобиле со изгореници и се пренесени во болница, откако вчеравечер експлодирало шише со гас во стан на улицата “Будамаш”.
Според извори од болницата, повредените се надвор од животна опасност. И една постара жена добила изгореници, а останатите вдишале чад и лекарите ги третираат во хирушкото и интерното одделение.
Според очевидци, детонацијата била силна и се чула на неколку стотина метри од станбениот објект.
Пожарникарите влегле во станот на вториот кат преку терасата со скали.