Груевски: СДСМ бега од избори бидејќи знае дека доаѓа казната

СДСМ знае дек казната доаѓа, затоа бегаат од избори, рече Никола Груевски во своето обраќање во СЦ Јане Сандански.

Погледнете на што спадна СДСМ. Од некогаш сериозна, победничка и самоуверена партија, денес е партија на преплашено раководство, на лидер кој стравот го прикрива со викање, вика кога збори кога дава изјава за новинарите, на лидер кој се плаши да се соочи со народот во државата. И јас би се плашел на негово место, после се што направи, рече Груевски.