Лајчак: Со пропаста на Шенген, најголеми последици за Западен Балкан

Од пропаста на Шенгенскиот договор најголеми последици ќе почувствуваат земјите од Западен Балкан, предупреди министерот за надворешни работи наСловачка, Мирослав Лајчак, кој смета дека БиХ сеуште не ги стекнале условите за да го добијат статусот на кандидат, додека на властите во Република Српска им порача да престанат да се закануваат со референдум, пренесува „Танјуг“.

Мигрантската криза која ја зафати Европа, сериозно го доведе во прашање Шенгенскиот договор, а доколку тој пропадне, тоа ќе има најголеми последици за земјите од Западен Балкан, изјави Лајчак за „Независне новине“ од Бања Лука.

Кога имаме веродостојна стратегија на европско ниво, земјите носат одлуки сами за себе. И тоа само покажва колку е важно ЕУ да излезе со реалистична и изводлива стратегија како да се реши прашањето за мигрантите. Затоа што, ако продолжиме да носиме одлуки, секој за себе, можеме да стигнеме до ситуација Шенгенот да исчезне. А се плашам дека најголемата цена за тоа би ја платиле земјите од Западен Балкан, рече Лајчак.

Лајчак: Со пропаста на Шенген, најголеми последици за Западен Балкан
Лајчак: Со пропаста на Шенген, најголеми последици за Западен Балкан

Тој додава дека и покрај потешкотиите е сигурен дека на крајот ќе се најде спроведлив договор што би бил прифатлив за сите членки на ЕУ, затоа што како што вели, сега „реалноста ги стаса и оние политичари што несакаа да признаат“.

Тој оцени дека клучот е во заштитата на надворешните граници на шенгенскиот простор  со регистрација на бегалците.

Тој смета дека сега најголем проблем е тоа што бегалците минуваат низ Грција без посебен надзор и ограничување, а до јуни, кога завршува рокот за воспоставување на заедничка европска служба за надзор на границите има доста време и тешко е да се предвиди што се може да се случи до тогаш.