
Најмалку 23 луѓе загинаа, а десетици се повредени во денешниот самоубиствен напад во сирискиот град Алепо.
Нападот е изведен со камион-бомба на контролен пункт контролиран од исламистичката група Ахрар ал Шам.
Се претпоставува дека дека меѓу загинатите се и четворица команданти на Ахрар ал Шам (Исламистичко движење на слободните луѓе во Сирија).
Ахрар ал Шaм се уште не се огласи за нападот.