
Косовската полиција утрово блокира улица во северниот дел на Косовска Митровица, каде е пронајден оставен куфер и постои сомнеж дека во него се наоѓа експлозив.
Случајот утрово и е пријавен на косовската полиција, а куферот, како што јави Танјуг, се наоѓа пред еден објект на неколку метри од импровизиран пазар и на 100 метри од зградата на српската Канцеларија за Косово и Метохија.
На самото место се испратени полицајци кои чекаат пристигнување на специјални екипи за проверка на содржината во куферот.