
Казна затвор од година и два месеца е изречена за лицето Т.С., која во својство на дадилка беше обвинета за кривичното дело „Запуштање и малтретирање дете“ од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Одлуката ја донесе денеска Судечкиот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Судењето беше затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице