Шминка од 5.000 долари
Мејкап артистот Стивен Солито стои зад изданието на Ејми од Златните Глобуси. Тој од Шанел добил козметички креми и шминка. За еден час работа, тој зема 1.500 долари. Ејми немала многу барања и не му одземала многу време, па тој успеал да ја нашминка за неколку часа.
Другите ѕвезди понекогаш ангажираат мејкап стилисти и неколку дена пред доделувањето, па на крај плаќаат и до 5.000 долари за таа услуга.
Маникир од 300 долари
Иако можеби ви се чини дека ѕвездите сами ги лакираат ноктите, но тоа ретко кој го прави. Затоа најчесто се задолжени мајстори за маникир како Том Бачико кој соработувал со Бионсе и Џенифер Анистон и кој наплаќа по 300 долари за еден час.
Накит од 20.000 до 50.000 долари
Ејми Адамс на доделувањето на Златните Глобуси носеше накит од Tiffany & Co. Кој чини повеќе од 530.000 долари, но успеала да го позајми за 20.000 долари.
Позајмувањето на накитот подразбира и телохранител што го чува, како и сеф, па така се заедно може да чини од 20.000 до 50.000 долари.
На крајот кога ќе се собере се, излегува дека ѕвездите за гламурозното појавување на Оскарите мора да одвојат од 40.000 до 60.000 долари.
Дали е премногу или не, проценете сами!