
Во сообраќајна несреќа што вчера во 09.20 часот се случила во Битола тешко повреден е битолчанец.
Како што информира МВР, несреќата се случила на крстосницата од ул. „Буковски мост“ и ул. „Македонска Фаланга“ со влез за паркинг на „Здружение на возачи – Транскоп“.
Автомобил „Мерцедес“ со битолски регистерски ознаки, управуван од З.Д. (50) од Битола се судрил со автомобил „Пежо 206“ со битолски регистерски ознаки, управуван од Д.У. (31) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на два вратни пршлени , контузија на челото со мал потрес на мозок и набиеница на десно рамо) се здобил Д.У. на кој му била укажана лекарска помош во Клиничката Болница во Битола и е задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од битолската полиција.