
-Е.П. на 15-ти овој месец, најнапред упатил вербални закани а потоа физички нападнал полициски инспектор при што му задал повеќе удари со рака во пределот на главата. Настанот се случил во 17 часот и 50 минути во угостителскиот објект „Јаху“ во Кичево, кога полицискиот инспектор сакал да изврши легитимирање и преглед врз второпријавениот А.Б., соопштуваат од СВР Охрид.
Револтиран од преземањето на овие службени дејствија, Е.П. физички го нападнал инспекторот а веднаш потоа во нападот се вклучил и А.Б. кој му нанел удари со раце во пределот на главата. Пред да избегаат од местото на настанот, Е.П. на полицискиот инспектор му упатил низа навреди и закани по неговиот живот.
При извршен претрес во домот на А.Б. пронајдена е една празна рамка за муниција од пиштол. Двајцата пријавени се лица познати на службата против кои досега се поднесувани повеќе прекршочни пријави за нарушен јавен ред и мир со физички напад и тепачка, а против Е.П. и за неовластено пукање со огнено оружје.