
Порастот на нивото на морињата и на океаните што предизвика топење на глечерите и зголемување на температурата на водата во јавноста е прикажано не толку алармантно отколку што навистина е, тврдат германските научници.
Нивното откритие укажува на фактот дека реалната ситуација дури двојно е полоша и оти наместо наведените од 0,7 до еден милиметар пораст на нивото на морињата и на океаните всушност е 2,74 милиметри на годишно ниво.
– До денес значително го потценувавме влијанието на топењето на глечерите и затоплувањето на океаните и морињата на порастот на нивното ниво. Бевме во заблуда, изјави Јирген Куш, професор на Универзитетот во Бон.