
Репрезентацијата на Шведска успеа да одигра нерешено во дуелот со Данска за комплетирање на второто коло во групата 2 на Европското првенство во Полска. Синоќа во Вроцлав, Данска беше пред нова победа со која ќе го обезбедеше полуфиналето, но Шведска во последните две минути постигна три голови и негативата од 25:28 ја претвори во вреден бод и нерешен резултат 28:28.
Решавачкиот гол го даде Матијас Захарсон на осум секунди пред крајот.
На првиот натпревар од вчерашната програма од групата 2 Шпанија ја победи Унгарија со 31:29.
Табела: Данска 7 бодови, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2, Унгарија 0.