
Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, вчера остварила средба со висока делегација на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на која се разговарало за пензиското осигурување, пазарот на труд, невработеноста и актуелните случувања со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, министерката зборувала и за проектите кои се поддржани од Светската банка и УНДП, додека пак Делегацијата од ММФ потенцирале дека е потребно континуирано следење на состојбите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување согласно извештаите на Светска банка.
Според нив извештаите на Светска банка на долг рок се потребни за реформи за обезбедување финансиска стабилност и одржливост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.